Врвен квалитет за графичката индустрија
Компанијата е формирана со основна идеја графичката индустрија да се снабдува со дел од графичките материјали кои се неопходни за нормално функционирање на истата.
Компанијата интегрира неколку сегменти на работење:
Користејќи ги најквалитетните репроматеријали од реномирани странски и домашни производители нашата компанија произведува високо квалитетни лепила со кои комплетно се задоволуваат сите потреби на печатниците за квалитетна доработка на нивните производи.
Во моментот нашата компанија произведува повеќе видови лепила поделени во неколку подвидови и тоа:
со кои се опфатени сите фази на доработка на крајниот производ.
Континуирано од самиот почетокот со работа посветени сме на унапредување на процесот на производство и воведување на нов вид (асортиман) на лепила.
Од неодамна нашиот асортиман е зголемен со нова палета на производи - Висококвалитетни лепила за лепење на секаков вид дрвени површини.
Нашата компанија има склучено стратешки договор за соработа и претставништво со реномираната италијанска компанија за производство на hot-melt лепила LEUENBERGER +C, компанија која од 1931 година развива и произведува индустриски hot-melt лепила за широк спектар на индустрии.
Комплетната понуда од асортименот на LEUENBERGER +C можете да ја видите на следниот линк.
Со цел задоволување на комплетните потреби за репроматеријал на нашите клиенти нудиме уште три видови на материјал и тоа:
Кои ги набавуваме до домашни и странски производители, а воедно наши соработници.
Да им понудиме на нашите клиенти (компаниите од графичката индустрија и индустријата за дрво) квалитетни производи (репроматеријали) кои ќе ги задоволат нивните потреби и очекувања и ќе им овозможат непречена работа односно ќе допринесат за зголемување на квалитетот на нивните производи а со тоа и за пазарен успех. Во нашата компанија клиентите да најдат квалитетен и доверлив деловен партнер со кој ќе можат да градат стабилна и долгорочна соработка.
Нашата компанија преку перманентна работа и динамичен развој да стане главен и константен добавувач на сите големи потрошувачи на производите кои ги продаваме. Понудата на широк асортиман на квалитетни производи на едни од најголемите производители на графички материјали во регионот надоплонета со големиот број интегрирани услуги и долгогодишното искуство на вработените е нешто на што нашата компанија ќе го темели своето работење и својот развој.
Стратешки партнери
Она што ја прави нашата компанија поразлична и подобра од другите е генералното застапништво на еднa од најголемите компании за произвoдство на лепила LEUNBERGER+C. Директно набавувајќи од најголемите и најквалитетните производители ќе бидеме во можност да им понудиме на нашите клиенти производи кои ќе ги задоволат нивните барања и очекувања и ќе им овозможат подобрување на квалитетот на нивните производи.