ВАШ ЛИДЕР ВО ЕКСПЕРТИЗАТА ЗА ЛЕПИЛА И ХРОМО КАРТОНИ
КАРТОМЕЛ КВАЛИТЕТ
КАРТОМЕЛ од почетокот на своето постоење, 2012 година, успешно се занимава со производство на лепило кое наоѓа примена во графичката, хартиената и дрвната индустрија. Со најсовремена технологија, автоматизација на процесите и софтверски мониторинг на целиот процес, постигнуваме постојан квалитет на финалните производи. Од 2019 година, КАРТОМЕЛ е официјален претставник на италијанскиот бренд LEUENBERGER...
Производство на лепило за графичката индустрија е сегмент на работење во КАРТОМЕЛ. Користејќи ги најквалитетните репроматеријали од реномирани странски производители нашата компанија произведува високо квалитетни лепила со кои комплетно се задоволуваат сите потреби на печатниците за квалитетна доработка на нивните производи.
Хромокартонот е основниот репроматеријал кој се користи во графичката индустрија за изработка на амбалажа.
Исто така покрај нашата основна дејност производство и трговија на лепила за графичката индустрија, посредуваме при набавка на други видови на материјали од графичката индустрија како брановиден картон (микровал), хромокартон, сива лепенка и останати неопходни материјали од графичката индустрија.
Квалитетни производи кои ќе ги задоволат потребите и очекувањата на нашите клиенти и ќе најдат квалитетен и доверлив деловен партнер во Картомел.